Archive for март, 2010

Kреативен град е концепт, создаден во доцните 1980-ти кој прерасна во глобално движење и оттогаш стана нова парадигма за планирање на градовите.

Овој концепт укажува дека условите во градовите треба да бидат создадени за луѓето да размислуваат, да планираат и да дејствуваат со имагинација во искористување на можностите или решавање на градските проблеми.

Ова значи дека градот треба да ја вгради културата на креативност во начинот на кој тој функционира и да ја интегрира работата на сите свои сегменти.

Овој концепт се фокусира на придонесот на уметноста и на креативните индустрии во воведувањето иновации во градовите и помагање тие да станат препознатливи.

Креативните индустрии се дефинирани како “индустрии кои се инспирирани од културното и уметничкото творештво и имаат потенцијал да создадат економска вредност преку производство и експлоатација на интелектуалната сопственост”.

Во креативни индустрии спаѓаат следниве гранки: сценски уметности, архитектура, рекламирање, дизајн, мода, театар, филм, медиуми, музика, издаваштво, презентација на културното наследство, ликовна уметност, мултимедија и софтвер, културен туризам и уметнички занаети.

Уметноста, културата и креативните индустрии претставуваат сектори со најбрз раст во меѓународната економија.

За македонски услови, концептот на креативни градови е во голема мера непознаница и би требало да се поттикне имплементација на овој концепт во културните политики на локално ниво.

Ова е особено значајно бидејќи развојот на креативните индустрии би можелo да претставува основа на економскиот развој на Република Македонија.

 
март 25th, 2010 креативни градови | No Comments